Три месеци нема информации за поморот на риба на Тополка

Петар Печков

Поморот на риба и загадувањето на реката Тополка, кое се случи летово, засега нема информации за потенцијалниот загадувач. На денот на настанот, во утринските часови, на местото на вливот на Тополка во Вардар беше и државниот еколошки инспектор до Кавадарци. Тој веднаш упати дека сите информации да се бараат од велешкото Јавно обвинителство. ТрмР праша до каде е истрагата.

„Вештачењето е се уште во тек а целосниот извештај не е доставен со јавниот обвинител“ – одговорија кратко од ОЈО Велес.

Поморот се случи во утринските часови на 19 јуни. За поморот на риби алармирале, велешките риболовци, кои во тие моменти биле покрај брегот на реката.  Присутна беше и бела пенеста материја која течеше по површината. Имаше угинато клен, мрена, кркушка. Поморот бил регистриран на Тополка, од кај Затворот па низводно. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати