Тројца починати пациенти од последиците на ковид -19 во велешка Болница

Петар Печков

Тројца починати  пациенти во велешка Болница денес, сите мажи, двајца се од Велес еден од Свети Николе.  Двајцата пациенти од Велес се на 87 и 89 годишна возраст и лицето од Свети Николе е на 76 годишна возраст.  Сите тројца имале коморбидитети и починале од последиците на ковид-19.  Со ова бројот на починати лица од велешко, достигна до 240. 

Изминатите 24 часа во велешко се регистирани 24 нови случаи на ковид-19 а оздравени се 14 пациенти, соопштија од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи е 368 е лица.

Во трите ковид одделенија од велешка Болница има 54  пациенти. Потврдено позитивни се 36, непотврдени  се тројца и  негативни се 15, но со потреба од продолжено лекување, потреба од кислородна поддршка.

Ново примени се шест  пациенти, четворица на  Инфективно  одделение и двајца во Моудларната Болница.  Испишани како оздравени се седуммина  пациенти кои се оздравени си по еден негативен ПЦР тест.

На континуирана кислородна поддршка се 18 пациенти. На Инфективното одделение има згрижени 23 пациенти, во Интерното девет  и во Модуларната Болница 22.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати