Укината ослободителната пресуда за деветмината дрвокрадци од Прилеп, кои натепаа полицајци при обидот за апсење

Петар Печков

Апелациониот суд од Битола ја укина првостепената пресуда на Основен суд Прилеп, за   девет обвинети лица кои беа ослободени од вина за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.  Тие се обвинети дека на 24 септември 2020 година, околу 20 ч. на стариот пат село Извор (велешко) – Прилеп, атар на село Степанци,  кога  како група кои вршеле бесправна сеча на огревни дрва, ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение  Чашка. 

Судијата  Сашо Патоски од Основен суд Прилеп, донесе ослбодителна пресуда, оти сведоците не  посочиле кои се учесниците во толпата, кои физички ги нападнале полицајците. Апелација Битола  побара новото  судење да биде  со нов судија. 

Во образложението на одлуката со која се прифаќа жалбата на ОЈО Прилеп, пишува  дека  „доколку при дејствувањето на толпата некое лице е лишено од живот или  тешко телесно е повредено или настапила штета од големи размери, учесникот во толпата за самото учество ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.  Од ваквата законска дефиниција на предметното кривично дело, произлегува  дека неправото на квалификуваното дело е исцрпено со самото учество на  учесникот во толпата, при чие дејствување некое лице е тешко телесно  повредено“. 

Судијата Патоски во во првостепента пресуда, констатирал дека „со ниту еден доказ во текот на расправата, надвор од размуно сомневање, не се докажа дека обвинетите  го сториле кривичното дело. Никој со сигурност не може да каже кој учествувал и кој презел дејствија кон оштетените, само претпоставки се дека тоа биле обвинетите од причина што дел од нив биле присутни на местото на настанот“.

Крвавиот напад врз петмината полицајци,  при што еден од нив, Дарио Цветковски  се бореше за живот,  се случи откако тие затекнале група дрвокрадци прилепчани при пустошење на шумата од планината Мукос.  Еден од нив обвинетиот Еркан Еминовски (32 год) доби една година затвор, откако по признание на вина се спогодил со ОЈО Прилеп, која предлог спогодба Основен суд Прилеп ја потврдил. 

При нападот на деветмината обвинети врз петмината службеници, откако  Дарио Цветковски испукал неколку предупредувачки куршуми во воздух,   неколку пати безмилосно  бил удиран со метална шипка по главата, од што се здобил со тешки повреди скрешница на череп  и со скршенци по телото. Од здобиените повреди полицаецот беше еден месец во кома, на граница помеѓу живот и смрт. За ова дело   обвинетиот  Еркан Еминовски беше осуден за  „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“.   

Овој напад од дрвокрадците министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тогаш го квалификува „нападот врз полицаец, е напад врз државата“.

Првично обвинетите дрвокрадци  беа гонети за кривичното дело  „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“ за кое законот предвидува казна затвор до десет години ако некој е тешко повреден, како во случајот на Цветковски.  Подоцна  ОЈО Прилеп во звршен  го преквалификува во „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ за кое законот предвидува казна затвор до пет години ако некој од оштетените е тешко повреден. Освен што се менуваше обвинението во овој предмет, тој смени двајца обвинители исто толку судии и трае повеќе од три  години.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати