Учебната година заврши, матура нема да има

Петар Печков

Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна 2019/2020 година за ученици од завршните години во средните училишта. Сите ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и во претходните години, соопшти попладнево на прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми. Тој ги  соопшти сет мерки од образовниот план што Владата го усвоила на денешната седница.

Учениците во основно и во средно образование до 10 јуни нема да се вратат во училишните клупи, до крајот на учебната година ќе се реализира настава од далечина.

Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни. Списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули, а сите оние кои не ги запишале своите деца и не ја исполниле законската обврска ќе добијат писмено потсетување.

Во однос на уписите на високообразовните установи на прв циклус академски стручни студии, како и на академски студии од областа на уметностите во академската 2020/2021 година ќе може да се запише лице кое положило државна матура или меѓународна матура заклучно со учебната 2018/2019 година, потоа лице кое завршило четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведување на државната матура и секако лице кое се стекнало со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година, соопшти министерот за образование.

Сите овие мерки  и новини се предизвикани со состојбата со ковид-19 и светската пандемија. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати