Учениците кои посетуваат дуално образование се стекнуваат со практични знаење

Петар Печков

Учениците од прва година од Велес и Кавадарци, кои посетуваат дуално образование, за почетокот на нивното средношколско  образование, денес добија ранци од  Делегацијата на Германското стопанство во Македонија, која е иницијаторот за овој вид образовен процес. 

Десетте ученици од профилот техничар за производно машинство, во велешкото средно училиште „Коле Неделковски“ пракса  изведуваат во две велешки компании „Маркард“ и „Брако“.

Во  Кавадарци, во средното стручно училиште „Киро Спанџов-Брко“, учениците се обучуваат во струката техничар за индустриска мехатроника, а практичната обука ја извршуваат во компанијата „Дрекселмајер“.

Тоа што компаниите вклучени во овој процес, инвестираат во локалното образование го отвора патот на учениците за градење на нивната натамошна кариера токму во овие компании. Искористете ги сите предности  кои ви се овозможуваат таму, да ја научите нејзината филозофија на работа, навлезете во производниот процес, стекнете се со практични знаења. Тоа ќе ви го отвори патот за градење на вашата кариера во рамките на професијата која ја изучувате- кажа Патрик Мартенс претставник на делегацијата.   

Ранците на учениците им ги врачи министерката за образование Мила Царовска.  

Практичното- дуално образование е одличен начин младите уште во текот на средното образование да се насочат кон професии кои се барани од компаниите, но и да дознаат што значи работа во реални услови. На овој начин обезбедуваме поголема вработеност на младите кои го завршиле стручното образование. Дури и во вонредни услови во кои се одвива образовниот процес оваа година овозможивме учениците од средните стручни школи да ја продолжат практичната настава. Компаниите  ја препознаваат потребата да вложат за идниот кадар кој треба да се вработи  кај нив   - рече министерката Царовска.

Во програмата за дуално образование се вклучени седум  училишта од седум општини и 12 компании. Дуалното образование  се реализира во Велес, Кавадарци, Охрид, Битола, Прилеп, а од оваа година во Скопје и Тетово. Запишани биле 85 ученици во прва година  а заедно со ланските  оваа учебна година дуално образование посетуваат вкупно 220 ученици.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати