Учениците на велешката Гиманзија, „Кочо Рацин“ победници на републичкиот натпревар „Имам став“ (фото)

Петар Печков

Учениците и професор од Средното училиште „Кочо Рацин“ од Велес, ја примија наградата како  победници на онлајн натпреварот „Имам став". Тој беше организиран од Републичкиот Парламент а наградата им  ја врачи,  претседателот на Собранието Талат Џафери. На натпреварот учествуваа десетина  училишта од земјава. Успехот го остварија 21  ученик а поради протоколите со пандемиајта, на свечениот чин присуствуваа учениците Марко Инѓилизов, Матеа Несторова и Емили Митревска и менторката   професорката Милка Петровски.

„Во своето однесување  младите треба да гледаат подалеку, да го планираат животот и да се вложуваат во тој план, да бидат практични и да ги следат своите желби и својата визија за самите себе. Да го сакаат учењето и работата, затоа што само така, нивните квалитети ќе бидат препознаени“ – порача Џафери при средбата. 

Натпреварот „Имам Став“ преставува симулација на законодавниот процес, законодавната постапка, парламентарната дебата и процес на тоа како еден Предлог станува Закон.

Претседателот Џафери  им го потенцирал значењето на образованието и како тоа треба да ги формира како личности и дека практичното искуство кое го стекнале во оваа пригода, ќе им придонесе многу, затоа што ќе добијат појасна слика за работата на Собранието и законодавните процеси.

Искажувајќи жалење за тоа каков е ефектот на животот во пандемија за младите во последната година, Џафери  изразил и оптимистични гледишта за извесното надминување на оваа состојба, а со тоа и враќање на поголемата слобода на движење на младите луѓе. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ќе гласате на локалните избори, закажани за 17-ти октомври?

  • да
  • не
  • уште не сум одлучил/а
Резултати