Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 септември 2025
Првиот училиштен ден, не започна за дел од учениците од село Караслари. Родителите кажаа дека немало превоз.
„Дваесетина деца не тргнаа на школо. Тоа се деца кои посетуваат настава од 6-то до 9-то одделение во ОУ Панко Брашнар и децата кои учат во средно. Попусто се радуваа на првиот училишен час“ – реагираше родител од село Караслари.
Од локалната власт објаснија дека превоз немало поради доцната информација од превозникот, дека се откажува.
„Во средата до нас било пратено писмото, четвртокот беше неработен ден и еден работен ден, петок беше прекратко да се обезебеди превоз“ – одговорија од Општина Велес.
Во Велес, на училиште не отпатувале и учениците од Општина Лозово, немало превоз. Според новиот Закон за образование, за учениците е задолжителното образование, од годинaва е задолжителен престој во Интернатот.
Но проблем е што Лозово е 15 км, наспроти задолжителните 25км за престој во Интернат. Проблемот треба да се решава попладнево, кога во Лозово треба да пристигне министерката за образование Весна Јаневска.
Општина Лозово затоа пак на првоодделенците им подари ваучер од 4 илјади денари како и ранци донација од Комерцијална банка.
фото интернет