Уште десет нови случаи на позитивни на ковид-19 во велешко, почината една пациентка

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека денес, сабота  во велешко има 10  лица ново заразени со ковид-19,  а осум   се оздравени. Активни се 238 случаи а досега се заразиле 3.349  лица.

Во текот на вчерашниот ден починатa  е пациентка на 84 годишна возраст, од Велес, позитивна на ковид-19, лекувана на инфективно одделение 6 дена. Тоа е 110-тата жртва од ковид заразата, во велешко.

Во велешка Болница се хоспитализирани 27  пациенти, од кои 22 се потврдени позитивни, еден е сомнителен  и  четворица  се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се седум  лица.  На Инфективно одделение се сместени 24  а на Интерно тројца  пациенти. Испишани се девет  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати