ФК Борец се враќа непоразен од Ѓорче Петров

Петар Печков

Стадион  Ѓорче Петров   во Скопје

судија: Игор Стојчевски  од Скопје

картони: жолт Петров, Личина, Божиновски, Адем  (ФК МЃП);  Ефтимов, Ѓорѓиевски, Омерагиќ  (ФК Б)

ФК Македонија ЃП: Серафимов, Адем, Атанасовски, Божиновски, Чарлстон, Де Силва, Китановски Личина, Петров, Фердинандињо, Воша  играа и Филиповски, Алексовски, Мавунио, Ајалаху

ФК Борец 1919: Георгиевски, Чичевски, Ефтимов, Г. Ѓорѓиев, Коцев, Мишевски, Ристовски,  Силва, Стоименовски, Трајковски, Трајков   во игра влегоа и - Омерагиќ, , Талаков, Адили,  Османовски

Во натпревар  без голови, велешкиот прволигаш ФК Борец 1919 се враќа непоразен од Скопје, каде во 20-тото коло му гостуваше на трето пласираниот им на ФК Македонија ЃП, кој беше фаворит пред натпреварот.  Одиграа нерешено, без голови 0:0.  И двете екипи имаа свои шанси, Коцев во 56-та минута сам од пред домашниот голман, беше неефикасен а во 72-та минута топката шеташе по гол линија, но немаше некој од велешките фудбалери да ја смести во мрежата. Домаќините во 70-тата минута го погодија директот.

По ова коло нема промени на табелата па така ФК Борец останува на   шестото место со 26 бода. Веќе в среда се игра вонредно коло, на Градски во Велес ,гостува последно пласираниот тим на ФК Беласица до Струмица. Натпреварот почнува во 14ч. 

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати