ФК Локомотива од Градско ја зголемува предноста во Третата лига Југ

Петар Печков

Лидерот ФК  Локомотива од Градско, ја зголеми бодовната предност во Третата лига Југ, откако победи а противкандидатите загубија. 

ФК Локомотива дома славеше со 4:1 против  шесто пласираниот ФК Напредок од прилепско Крушеане.  ФК Превалец на гостувањето во Неготино загуби од ФК Вардар кој е петто пласиран, со 0:1, додека ФК Илинден во Башино село загуби од осмо пласираниот тим на  ФК Дојранско езеро со 1:2.

По ова 19-то коло, ФК Локомотива и натаму е лидер, со 44 бода, седум повеќе од ФК Ново Црнилиште, кој има и средба помалку.   ФК Превалец остана на четвртото место со 34 бода колку што има и неговиот вчерашен ривал ФК Вардар од Неготино а ФК Илинден е последен 15-ти со шест бодови. 


Веќе утре, среда се игра вонредно коло. ФК Локомотива е слободна, ФК Превалец игра дома со  седмо пласираниот ФК Обршани од истоименото прилепско село кој има 25 бодови,  а ФК Илинден БС гостува во Удово на екипата на ФК Младост која е 13-та со 16 бода.  

Се играше и 13-тото коло од Третата лига исток, каде екипата на ФК Работник Џумајлија, загуби со 2:1 на гостувањето во Чешиново, кај истоимената екипа, која е шесто пласирана. По ова коло ФК Работник е претпоследен 11-ти со седум бодови. Во следното коло, соседско дерби според пласманот на табелата, во Лозово гостува екипата на ФК Раклиш која е десетта со 11 бода.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати