ФК Превалец и натаму втор со бод помалку од лидерот во Трета лига Центар

Петар Печков

Победа и два порази се резултатите на трите екипи од Општински фудбалски сојуз Велес, кои настапуваат во Трета лига Центар.

Победата како и во претходните кола, ја забележа второпласираната екипа  на ФК Превалец, која дома со убедливи 5:0 ја совлада екипата на ФК Динамо до прилепско Мажучиште, која беше десетто пласирана. Со овие нови три бода, превалчани останаа на второто место, со еден помалку од лидерот и четири повеќе од трето пласираниот ФК Напредок од Крушеани. 

Токму таму во Крушеани од ФК Напредок последно пласираната ФК Локомотива од Градско загуби со 2:1.

ФК Илинден од Башино село загуби од лидерот ФК Росоман со 3:0 и остана на 10-тото место со 11 бода.

Во следното последно есенско  коло локално дерби во Башино село ФК Илинден го пречекува ФК Превалец додека ФК Локомотива повторно  гостува, во дербито на двете екипи од дното,  овој пат на претпоследниот ФК Габер во Ваташа, кој има само седум бода еден повеќе од Локомотива. 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати