Физички нападнал пешак на пешачки кај Авона и си заминал, полицијата го уапсила

Петар Печков


Како во акциони филмови, му задава удар, сведоците не можат да прецизираат со рака или нога,  влегува во кола и ладнокрвно заминува. Физички  удрил лице кое минувале на пешачки, се вратил во возилото со кое заминал. Тоа го сторил младо лице од Горно Оризари, кое подоцна бил уапсено од полицијата. Настанот се случил кај Авона, на пешачкиот од Железничката зграда кон кафе барот Драјв, во петокот на пладне.

„Момчето со еден удар го онеспособи минувачот кој беше на пешачки, и двајцата беа млади, удрениот падна, и изгуби свест, почна да се гуши, потемни, беше без воздух. Пријдоа луѓе почнаа да го спасуваат. Напаѓачот влезе ладнокрвно во пик апот со кој вози храна до здравствена институција и со девојката во возилото, замина“ – вели очевидец на настанот. Тие повикале полиција а некои од нив и ја сликале колата во која побегнал напаѓачот. Велешката полиција со деталите.

„На 30.01.2026 во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле С.В.(24) од село Горно Оризари, велешко. Претходно, било пријавено дека ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.В. и С.У.(31) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, при што С.У. паднал на земја и се здобил со повреди, по што бил пренесен во Општа  болница Велес за укажување лекарска помош“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
 
Од велешка болница, портпаролот д-р Ванчо Граматов соопшти дека лицето е пренесено на скопските клиники, каде ќе треба да се дијагностицира какви повреди има.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате и во Македонија да се воведе забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и строга регулација на пристапот за малолетници до 16 години?

  • Да
  • Не
Резултати