Хеликоптери на МВР исфрлија над 68 тони вода врз пожарите во реонот на Богомила и селата Габровник и Мокрени (видео)

Петар Печков

Во текот на денешниот ден, сабота 20 јули, два хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици дејствуваа на повеќе локации каде што имаше пожари во реонот на Богомила, село Габровник и село Мокрени.

„Хеликоптерот Бел 412 во 20 налети исфрли 30 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 во 14 налети исфрли 38 тони вода. На овој начин е спречено пожарот да се прошири кон селата, но сепак на повисоките места и во пределите со густа шума истиот не е локализиран и се уште е активен“- соопштија од МВР.

Водата за гаснење на овие пожари била од езерото Лисиче. 

Денес, сабота попладне имаше пожар повторно на Долги рид, каде гореше суве трева и деградирана вегетација. Пожарот беше попладнето локализиран, а учествуваа пожарникарите од ТППЕ Велес, вработени од комуналното од Велес и Чашка, доброволци од Чашка и вработени од ШС Бабуна Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати