Петар Печков
Објавено: четврток, 19 јуни 2025
Мала група од преживеаните живее изолирано на остров, но кога еден од нив заминува на мисија на копно открива тајни, чуда и хорори што менуваат сè... и сите.
Премиерно се прикажува хоророт „28 години подоцна“. Група преживеани од вирусот на бес живее на мал остров. Кога еден од групата го напушта островот на мисија на копното, тој открива тајни, чуда и ужаси кои мутирале не само заразените, туку и другите преживеаните.
Премиера и за новиот производ на студиото Дизни, анимнираниот филм ЕЛИО. Елио, вселенски фанатик со активна имагинација, се наоѓа во космичка несреќа каде што мора да создаде нови врски со вонземски животи, да се движи низ криза од меѓугалактички размери и некако да открие кој навистина треба да биде. Низ вековите, луѓето барале одговори од универзумот — а во новиот филм на Дизни и Пиксар „Елио“, универзумот одговара! Ова вселенска авантура нѐ запознава со Елио, љубител на вселената со бујна фантазија и голема опсесија со вонземјани. Кога го телепортираат во Комуниверзумот, меѓугалактичка организација со претставници од далечните галаксии, Елио се наоѓа пред епски предизвик. Погрешно идентификуван како лидер на Земјата, тој мора да создаде нови врски со ексцентрични вонземски облици на живот, да реши криза од галактички размери и да открие кој е и каде всушност припаѓа.
Најлгеданиот филм, изминатито виекнд во светот беше авантурата, играната верзија на филмот КАКО ДА ГО ДРЕСИРАТЕ ВАШИОТ ЗМЕЈ, произведен од DreamWorks Animation. Тој ја редефинираше популарната франшиза. На непристапниот остров Бер, каде Викинзите и змејовите со генерации живееле како лути непријатели, Хикап ( Мејсон Темс, Црниот телефон) стои по страна. Иако е иновативен и син на старешината Стоик Велики ( Џерард Батлер, кој го позајмува гласот на овој лик во анимираната франшиза) Хикап е занемарен. Меѓутоа, тој и’ пркоси на вековната традиција и станува пријател со Беззаб, страшниот змеј Ноќна фурија. Нивната неверојатна врска ја открива вистинската природа на змејовите, со што ќе се разнишаат и самите темели на викиншкото општество. Со храбрата и амбициозна Астрид ( Нико Паркер) и чудниот селски ковач Гобер ( Ник Фрост, Снежана и ловецот) на негова страна, Хикап се соочува со свет кој го разоруваат страв и неразбирање. Ненадејно, се појавува древна закана која ги загрозува и Викинзите и змејовите и пријателството на Хикап со Беззабиот станува клуч за создавање на нова иднина. Заедно, тие ќе мораат да тргнат по несигурен пат кон мирот, воздигајќи се над границите на своите светови и давајќи му нова смисла на тоа што значи да се биде херој и лидер. Инспирирана од серијалот бестселери на Њујорк Тајмс кои ги напиша Кресида Ковел, франшизата на Дримворкс КАКО ДА ГО ДРЕСИРАТЕ ВАШИОТ ЗМЕЈ ги освои срцата на гледачите на целата планета, имаше четири номинации за Оскар и заработи над 1,6 милијарди долари на благајните на кино салите. Сега, благодарение на феноменалните специјалните ефекти, Својата сакана франшиза Деблоа ја трансформира во игран спектакл кој го запира здивот и ги оживува, со неверојатен реализам, епските авантури на Хикап и Беззабиот, додека го откриваат вистинското значење на пријателството, храброста и судбината.
На репертоарот се и Лило и Стич, дело на студиото Дизни, кој и натаму е при врвот, еден месец по премиерата.