Хрватскиот WIZI такси, вози и во Велес

Петар Печков

WIZI taxi  стана  дел од секојдневието во Велес 25-ти град во WIZI мрежата и втор град во Македонија, по Скопје. Овој чекор е продолжување на стратешкото ширење на WIZI taxi услугата во регионот моментално  работат во три држави – Хрватска, Словенија и Македонија. 

За да го одбележат стартот во Велес, воведена е промотивна акција од 20% попуст на сите возења нарачани преку WIZI апликацијата, до износ од 250 МКД. На овој начин им се заблагодаруваат на граѓаните за добредојдата и им овозможуваме уште подостапно и поповолно искуство со WIZI taxi.

Овој напредок е овозможен преку новите партнерства со компаниите Такси Перка  и Такси Лидер.

„Одлука да се приклучат кон WIZI мрежата ја потврдува нивната насоченост кон модернизација, технолошки напредок и подигнување на квалитетот на услугата за жителите на Велес. Благодарение на оваа соработка, флотата од 160 возила ќе им овозможи на граѓаните побрз пристап до превоз, пократко време на чекање и посигурен, стандардизиран градски транспорт. На корисниците име  достапно  едноставно нарачување преку мобилната апликација, транспарентни цени без скриени трошоци, следење на возилото во реално време, безбеден модерен начин на плаќање“ – порачаа од компанијата. 

Такси Лидер и Такси Перка се Wizi, телефонските броеви се истите што беа  13-594 и 13-123. 

„Доаѓањето на WIZI taxi во Велес претставува важен чекор во развојот на нашата меѓународна мрежа, но и во зајакнувањето на локалните партнерства кои овозможуваат заеднички раст и обезбедуваат висококвалитетна, уедначена и технолошки напредна услуга. Посебно ја истакнуваме улогата и довербата на Такси Перка и Такси Лидер, кои со приклучувањето кон франшизниот систем ја покажаа својата подготвеност за иновации и модернизација на работењето“ – соопштија од  WIZI taxi. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати