Петар Печков
Објавено: вторник, 18 ноември 2025
Во возбудлив и интересен натпревар од Првата футсал лига, КМФ Кеги моби победи на домашен терен, во салата Гемиџии, со 3:2 (2:0) над екипата на КМФ Бутел, која досега немаше пораз.
Така велешани имазт стартна серија од четири победи во четири кола и се на врвот, а треба да се одигра и дербито на непоразените од првото коло, ФК Форца и ФК Проект кој имат по три натпревари.
Во следното коло велешани гостуваат токму на КМФ Проект во Валандово.
