Четиричлено семејство позитивно на ковид-19, четворица оздравени

Петар Печков

Денес во Велeс и велешко има четворица ново заразени со квоид-19 и исто толку оздравени. Ова е информацијата од Министерството за здравство. Билансот на активни случаи во велешко заклучно со денес е 34 лица.

Сите четворица се членови на едно семејство, странски државјани кои се враќале за дома. Се тестирале за да можат да ја напуштат Македонија, но резултатите покажале дека се позитивни. Тие немаат  симптоми и засега остануваат на домашно лекување. Има и четири оздравени, двајца мажи и две жени, сите од домашно лекување - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.  

Во велешко досега има 323 случаи, од нив 274 се оздравени а 15 починати. Од активните случаи 23 се на домашно лекување, 10 се на Инфективно одделение и еден е во Градска Општа Болница 8-ми Септември во Скопје.

На Инфективно одделение има 21 пациент, 20 се потврдено позитивни и еден е нов, сомнителен случај - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати