Петар Печков
Објавено: петок, 03 септември 2021
Постапувајќи по пријави на граѓани, заради гласна музика, велешката полиција  констатирала дека во четири случаи тоа навистина се случило. Два биле угостителски објекти -кафена и кафитерија во Велес и две физички лица кои нивните домови ги изнајмуваат за различни настани.
 „Во текот на август годинава, Полициската станица Велес поднесе четири прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика. Две од пријавите се за угостителски објекти во градот, а две за физички лица, сопственици на викенд куќи на езерото „Младост“ - соопшти Верољуб Дадевски, портпарол нa СВР Велес. 
Велешани подолго време реагираат на гласната музика која доаѓа од угостителските објекти, посебно во летните месеци.
 
                                     
			
		 
			 
			
