Шестмина ново заразени со ковид-19 во велешко, еден оздравен

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден  во велешко  шест лица се ново заразени со ковид-19 а еден е оздравен.  Со тоа бројката на  активни случаи во велешко е 34 лица, досега инфицирани се 162.

Четири од заразените лица се од Велес и две се од Бузалково.  Четирите лица од Велес се велешанка која работи во текстилна фабрика во Штип,  друг е од голема фабрика странска инвестиција близу Велес,  третиот е лице е асимптоматско, немало никакви знаци дека е позитивен  и четвртиот бил дијабетичар  и така е откриен. Има оздравено една пациентка која лежела на Инфективно одделение и по два  негативни теста е пуштена дома - изјавија од Центарот  за јавно здравје Велес.    

Ново заразените од Бузалково присуствувале во неделата  на погреб  на починатата жена на кој и покрај препораките да бидат најблиските, имало дваесетина лица.  Лицето кое било позитивно  немало  знаци на корона вирусот а  е откриено откако му е давана лекарска помош по тепачката  во Ромското маало кај Потокот, во неделата. Оздравена е докторката од приватното здравство, кај која ковид-19 беше откриен  пред две седмици.

На Инфективното одделение денес на пладне има 13 пациенти, од нив 12 се потврдени позитивни за еден, жителка на Горно Јаболчиште се чекаат резултати а е со симптоми на ковид-19.  Две од лицата кои се тука сместени се на кислородна поддршка, информираше др- Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.  

Од вкупниот број активни лица со корона вирус во велешко, 19 се во домашен карантин, две се на Инфективна клиника , и по еден на ГОБ 8-ми Септември во Скопје и во државен карантин.  

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати