Шест нови случи на ковид позитивни во велешко, седум лица се на Инфективно

Петар Печков

Шест нови лица позитивни на ковид-19  во велешко, регистрираше Институтот за јавно здравје . Ова  е состојбата за изминатите 24 часа.

Со ова во велешко има активни 35 случаи на лица со корона вирусот.  

„На инфективно одделение вкупно се хоспитализирани седум  пациенти,  сите седум се потврдени позитивни. На кислородна поддршка се тројца пациенти“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка болница.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати