Ширењето на заразата во Велес, дел од новите случаи ја препишуваат на ненавременото тестирање

Петар Печков

Големиот број на заразени со ковид-19, дел од ново заразените,  го препишуваат на недостатокот на термини за тестирање.  Тие се лути што морале да седат дома со силни симптоми, но бидејќи немало термин за бесплатно тестирање, не можело да им биде земен брис.

Големиот број на случаи се должи што немаше термини за земање брис во Центарот за јавно здравје Велес, каде е бесплатно. Ни велеа да седиме дома и да се изолираме а симптомите беа силни, но и покрај тоа не можевме да се тестираме. Додека седевме дома, заразата се ширеше меѓу семејствата.  Ни велеа одете во приватните а таму еден тест е четири илјади, не може секој иако здравјето е во прашање да оддели. Плус имаше и цели семејства кои беа со симптоми. Експлозијата на ковид-19 во градот  се случи току во овој период - кажа еден од новите случаи позитивни  на корона вирусот. 

И градоначалникот Коцевски се согласува дека состојбата со немањето тестови е голема потешкотија.

Сериозен е проблемот со недостиг на термини за тестирање, па матичните доктори веднаш ги упатувале пациентите на Рентген одделението од велешката Болница,  што го доведува во опасност здравјето на Рентген техничарите и останатиот здравен персонал - рече Коцевски на денешната прес конференција. 

Во прилог на ова е што тројца рендген техничари од велешката Болница се позитивни. Има и двајца здравствени работници од Итната помош, доктор и медицинска сестра.  

Граѓаните треба да се придржуваат до препораките и доколку почувствуваат дека имаат симптоми, кои можат да асоцираат на ковид-19, воопшто да не одат кај матичните лекари, за да не ги изложуваат на опасност нив и пациенти кои чекаат ,  туку да постапат по протоколите - дополни градоначалникот Коцевски. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати