Петар Печков
Објавено: среда, 29 јануари 2025
Каква е иднината на силосите за жито на некогашен Жито Вардар, на чиј простор се подготвува изградба на маркет на ЛИДЛ во Велес?
Ова прашање го постави на денешната седница членот Игор Смилев, а по информациите дека овој маркет ќе се гради на локацијата од поранешниот велешки пекарски гигант. Предвидената локација за изградба на ЛИДЛ во Велес е кај мензата, управната зграда и силосите на поранешен Жито Вардар.
„Просторот е приватна сопственост и тој решава што ќе работи. Може да ги даде, продаде, исече, тоа е негова работа. Што сака може да им прави. Од лицата кои се во ЛИДЛ, тука во Македонија имам информација дека за кратко време ќе започне расчистување на теренот“ – одговори Колев.
Пред некоја година млинот на Жито Вардар кој беше со врвни перформанси и квалитет, го купи фирма од Битола, за жито и го демонтира од Велес и монтира во нивните капацитети.
Колев одговори и на дилемите, кои поранешните вработени во поранешен Киро Ќучук го споделуваат, дека во кругот на фабриката, ќе се гради станбена зграда за домување.
„Тоа е исто така приватна сопственост. Таму со ГУП е предвидена индустија а не станбена зграда. Така што ако некогаш, за година, пет, десет, се менува ГУП, таму да се смени можноста и да се градат згради. Ако јас се прашувам Велес таму во иднина, треба да се проширува, над пругат за Битола“ – дополни Колев.