Велешанец скокнал од воз, завршил во болница

Петар Печков

Вторникот на пладне, велешанец, кој бил во товарен воз, кој доаѓал од Гевгелија, скокнал од него додека бил во движење и потешко се повредил. Се наоѓа во болница. Од МВР информираа за настанот.

 На 3-ти септември во СВР Велес било пријавено дека околу 15 часот на Железничката станица во Велес О.М.(34) од Велес, додека се наоѓал во еден од вагоните на возот, кој сообраќал од Гевгелија кон Табановце, откако возот ја намалил брзината, скокнал од возот и се повредил - пишува во соопштението на МВР.

Очевидци велат дека станувало збор на железничар, кој бил на работа во Гевгелија и зa да не го чека патничкиот воз, се качил во товарниот. Кога возот стигнал на станица, не почекал да сопре, туку во движење се симнал, но паднал. При тоа со едната нога паднал помеѓу перонот и шините и му од возот му биле повредени прсти на нозете.

 Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати