Вооружен грабеж на Бензинска

Петар Печков

Две маскирани лица,  утрово, петок,   ограбиле бензинска пумпа на влезот од Велес.  За да го уплашат вработениот тие стрелале од автоматска пушка. Повредени нема, но настанот го преплашил вработениот на бензинската на ,,Башино петрол,,.  Грабежот се случил во петокот наутро во 4 часот, одземени се околу 40 илјади денари.

Два маскирани лица,  влегле во просторијата и со закана ги побарале парите. Откако ги земале, со автоматска пушка стрелале во мониторот на компјутерот. По ова истрчале и со автомобил опел астра избегале.  Подоцна тој е пронајден напуштен во близина на наплатана рампа Градско, на автопатот Скопје - Гевгелија - изјавија од СВР Велес.

На лице место направен е  увид од  јавен обвинител и полициска увидна екипа. Се превземаат мерки за пронаоѓање на разбојниците и расветлување на случајот, додаваат од велешката полиција. 

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати