Во Лозово по четврти пат присутна екипата за теренска вакцинација, поради големиот интерес

Петар Печков

Жителите на населбата Лозово, покажаа исклучително висок интерес за теренска вакцинација, за заштита од ковид-19.  Дури во три наврати екипите на Здравствен дом од Свети Николе ја посетија  амбулантата во селото, а денес беа по четврти пат, за да се аплицира втора доза по прв пат. 

Во првиот наврат на 12 јули, на Петровден  во Лозово беа аплицирани 42 вакцини, во следниот 33 а во третата посета 20. Денес втора вакцина примиле 40 лица а прва доза десет.

„Во населбата поради големиот интерес доаѓавме во три наврати. Денес се пушта втора доза, ревакцинација, има интерес и за некои лица да прима прва доза. Се пушта „Синовак“. За вакцинацијата се пренесува од поединец на поединец, и луѓето  доаѓаат масовно“ -  кажа д-р Сара Симоновска.

Голем број лица се вакцинираа  и во соседните села Дорфулија и Каратманово, каде во еден ден се аплицирале 110 вакцини.  Освен што можеа да се вакцинираат во вакциналниот пункт во Велес, жителите од Лозово максимално ја искористија можноста да се вакцинираат во нивното  место. Објаснуваат дека  „за живот се работи“.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати