Двесте патници и пет автобуси 14 часа минаа на Автобуска во Велес

Петар Печков

Околу двесте патника  Бадниковата вечер и Божикното утро ги пречекаа на  велешката Автобуска станица.   Имено патниците од Скопје кои  патуваа за Струмица и Кочани, во вчерашното попладне  и вечер останаа заглавени во Велес, бидејќи магистралниот пат кон Штип беше завеан.  Информацијата ја потврдија и  од Автобуската станица.

Три автобуси беа за Кочани и два за Струмица првиот дојде во 17,30 и сите подоцна што пристигнаа за овие правци  останаа тука. Замина утрово во 8,10ч. За настанот ги информиравме надлежните од ЦУК  – изјави вработената од Автобуската станица, која цела ноќ ја минала со патниците во чекалната.

Во неа дел од патниците, другите во автобусите. Жени, мали деца,  семејства, млади кои сакале Бадник да го минат во кругот на семејството, но наместо тоа останале далеку од дома. Тие беа гневни, лути и разочарани што  14 часа минаа на Автобуската станица во Велес. 

Повеќе од 14 часа сме тука, во чекалната, во автобусите. Тргнавме  од Скопеј в о 16ч. во 17,20 ч. бевме во Велес. Тогаш ни кажаа дека патот кон Штип е непрооден и тука  ќе останеме до натаму.  Еден снег падна од 10 см и не остави далеку од дома. Некогаш човек  нема  зборови да каже што се`  чувствува и  мисли. Никој од институциите не покажа интерес за  нас, бевме заборавени   – вели патничка од Струмица.  

Дел од патниците беа во чекалната која беше затоплена. Сопствениците на Автобуската станица  од Велес, покажале најмногу грижа за патниците, носеле храна, вода им помагале на луѓето.  Во 8,10ч. возачите на автобусите ги повикаа патниците да влезат и тргнаа кон Кочани и Струмица, телефонски биле информирани дека патот Велес- Штип бил прооден. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати