Животна драма за спас на седумгодишно дете, вчера на пладне, кое веќе било починато

Петар Печков

Вчера на пладне животна драма, за спас на седумгодишно дете. За неговиот живот се бореле и докторите од Итната помош и докторите од анестезиологија од велешка Болница.

За жал детето било донесено починато уште во Брзата помош. Од полицијата инфомираат дека детето имало претходно здравствени проблеми а вчера утро, понеделник, му се влошила состојбата.
 
Во 11.54 ч. на Итната помош  од страна на двајцата родители донесено е  седумгодишно дете.   Тоа било без знаци на живот, со видливи мртовечки дамки по телото, со подуен стомак над ново на граден кош,  и веднаш е пристапено кон реанимација. Даден е адреналин, обезбеден е дишен пат и веднаш потоа со возило е пренесено на анестезија на Болница, каде бил продолжен третманот - изјави д-р Страхил Тодоров портпарол на Здравствен дом Велес. 

Во Велешка Болница детето е донесено во 12,35 ч на одделението за анестезија.
 
Детето е примено без знаци на живот, без срцева акција. Веднаш е започната реанимација, која била подолготрајна, но за жал без резултат - изјави др- Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес. 

СВР Велес дополи дека  по наредба на јавен обвинител телото било испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати