Зимски радости на езеро Младост (фото)

Петар Печков

Санкање, лизгање  на замрзнатата површина и стариот пат за Скопје.  Вака изгледа деновиве езерото Младост. Лете е рекреативен центар за  капење, а зимата стана зимски центар.

Откако поголем дел од езерската површина замрзна, таа се користи за лизгање. Додека пак стариот пат од Велес до Скопје, близу мотелите се користи за санкање.   Голем број велешани поитаа да уживаат во зимските радости.

 Наместо да седат дома, ги повикувам велешани да дојдат и уживаат. Езерото Младост е тука, на само 10 минути од  градот, по  чист  пат, има можност за прошетка, за лизгање, санкање.  Повелете, нема да зажалите. Има ретка можност да се види замрзнатата брана  - велат гостите.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати