И велешани за помош на бездомните животни

Петар Печков

Во Младинскиот парк членовите волонтери од Здружението  ,, Гласот на животните,, од Велес ја организираа добротворната хуманитарна акција во чест на 4-ти април, Светскиот ден на бездомните животни. Таа беше продажна а собраните средства од донациите и продажбата на рачно изработениот материјал и блага се наменети за обезбедување на храна на бездомните животни од Велес.

Светот  го делиме и живееме со други живи суштества на кои  им е потребна нашата помош и љубов. Треба да живееме со нив во хармонија а не да ги злоупотребуваме, мачиме, малтретираме, убиваме, како досега. Во Велес има многу бездомни кучиња и мачки кои се  измачувани, малтретираат без причина. Да им покажеме љубов и тие возвраќаат со љубов. Потоа да не ги напуштаме милениците. Сакаме и помагаме секогаш кој некој ќе ја побара. Почнавме како мала група, а се повеќе и повеќе се шириме, доаѓаат млади. Полека успеваме да ја покренеме свеста за животните. За жал имаме повеќе бездомни животни. Но и со тоа што го добиваме успеавме да се справиме со проблемите на животните кои ги имаат, прехрана, ветеринар, сместување , отколку што добиваме помош    – рече Меги Ѓоргиева од Здружението ,,Гласот на животните,,.

Поврзани »

ТРЕТО АВИО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ВЕЛЕШКО

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 10 август 2026 година (понеделник) во раните утрински часови. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати