И по две децении од затворањето на фабриката за вештачко ѓубре ХИВ, депонијата со два милиони тони гипс не е отстранета, стручњаците велат може да се користи за добивање други производи

Петар Печков

Депонијата со гипс,  кај селото Згрополци, велешко, е тешка најмалку два милиони тони  и е една од 16 црни точки во Македонија. Таа е резултат на работата на Фабриката за вештачко ѓубре „Хемиската индустрија Велес“, нус продукт од производниот процес.  Екологистите бараат депонијата, која е присутна 22 години, никој не се грижи за неа,  да се дислоцира.

„Како што е опасна згурата од Топилницата, таква и оваа депонија  на ХИВ. Затоа е потребно да се дислоцира, острани. Таа е исто така загадувач, преку вода, преку ветер, има во околината села. Трeба да биде правилно отстранета, дислоцирана, простoрот да биде исчистен а околината незагадена“ – кажа Иванка Андова од Друштвото на родители за грижа за здраво поколение. 

Стручњаците објаснуваат дека таа може да се искористи за добивање на нови производи и на тој начин да се отстрани материјата која зафаќа површина од  70 илјади м2  (не е ниту еден хектар).  Стручните лица работат на проект за експлоатација. 

Преку проектот Фајтерс на Градежниот институт Македонија заедно со уште 25 Европски партнери,  финасиран од ЕУ,  се работи на можна реупотреба на одложениот  гипс, преку циркуларна економија, да се добијат нови производи, кои ќе имаат примена и на тој начин депонијата низ годините да се искористи и исчезне.  

„Составот на депонијата во најголем дел е калциум сулфат, или  природен гипс. Нашите пресметки се дека има околу два милиони тони.   Целта на проектот Фајтерс е да се направат лабараториски истражувања, и  материјалот да може да биде употребуван. Може да се користи  за производство на детергенти,  на хартија,  може да се користи во цементната индустрија, додаток во вештачки ѓубрива. Нашата цел не е да се  земе отпадот и го донесе на друго место, туку за можна реупотреба “ изјава Златко Илијоски дипл. инг. геолог, од  Градежен институт Македонија.

Депонијата е формирана во текот на работата на ХИВ перидот 1977 -2003 година. Лоцирана е на  12 км југоисточно од Велес, 10 км северозападно од Градско и три км јужно од фабриката. За потребите на фабриката и производниот процес, носени се руди од  Блискиот Исток, Египет, Јордан. Тоа биле  фосфатни руди, се користеле за добивање вештачко ѓубриво, фосфорот се естрахирал а гипсот бил нус производ. Одлаган е на блискиот рид. 

„Освен гипс, депонијата содржи различни метали  и одредена радиоактивност. Штетноста се манфестира преку врнежи,  водата која ја испира депонијата се слева во реката Вардар, која е на 500 метри од неа. Има мала природна брана за да не се излева, но можност постои. Ризичен момент е и прашината која преку ветер може да се разнесува и тоа во далечина до неколку километри“ – дополни Илијоски. 

Во согласност со  Правилникот за максимално дозволени количини на радионуклеиди во метали, стручните лица од Лабараторијата за радиоекологија при Институтот за јавно здравје  во Скопје, процениле дека ниските вредности на присутните радиоактивни елементи го прават фосфор гипсот погоден  за користење како градежен материјал без ограничување. 

Вакви депонии има уште две на Балканот, Кутина –Хрватска и Прахово – Србија и три во Европа, Португалија, Италија и Полска.  Депонијат во Бареиро –Португалија и велешката ХИВ се вклучени во овој прокет за реупотреба на гипсот.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

Има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати