Како башиноселци го добија прекарот мусари

Петар Печков

Децениски обичај било за чист понеделник прв ден по Прочка, а се оди во Башино село. Тоа било и прошетка но и можност да гослук на велешани кај нивни блиски, пријатели или роднини во ова село, на влезот во Велес, од правец на Скопје. 

За еден таков гослук, анегдота, како жителите на Башино село, го добија прекарот мусари, раскажува д-р Филип Тодоровски.

На некое семејство од Башино село некој пред Прочка им умрело мусето. Но за да не оди фиран, одлучиле да го сочуваат мртвото животно и да им го дадат на гостите од Велес, кои доаѓале кај нив за Чист понеделник. Го обработеле и подготвиле за на маса, познавајќи дека велешани биле гагаџии, дека иако на овој ден, Чист понеделник се пости, ќе биде изедено мусето. Такa и се случило, гостите дошле, домаќините прашале дали сакатe можеби  месо, гостите не одбиле и  послуженото месо  биле изедено. По некое време, домаќините раскажале што било и како било а лутите гости, велешаните оттогаш ги завикале башиноселци МУСАРИ -  раскажа сега пензионираниот доктор Филип Тодoровски, родум од Башино село.

Додава дека оваа анегдота се раскажувала од колено на колено кај жителите на селото.  

фото архива на ТрМр велешани на излет за Чист понеделник  во Башино село

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати