Кривични за лицата кои изградија незаконски дуќани на Благој Ѓорев

Петар Печков

Општина Велес поднесе кривични пријави против лицата Д.Ќ. , С.А и Е.Н.  сите од Велес за две кривични дела бесправна градба и узурпирање на јавно -прометни површини. Тие на почетокот од годинава, иако немале дозвола за пренамена на просторот започнале со градба.

Наместо гаражи, изградиле деловен простор дуќани. При ова не се почитувани општинските забрани да престанат со градба, да го вратат во првобитна состојба просторот, исекле  дрвја брези кои биле на просторот  каде градат. Згора на тоа освоиле и дел од јавните зелени површини.

Заради сите овие дејствија на тројцата сопственици, тие добија кривични пријави кои се поднесени до Основното Јавно обвинителство во Велес.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати