Магда Јосифовска е вешта жена за Велес за 2017-та (фото)

Петар Печков

Магда Јосифовска е победник  на јубилејната  25-та манифестација ,,Вешта жена на  Велес за 2017-та,,. Таа според жирито имаше најдобро уредена маса и највкусно солено јадење и торта од  петте учеснички.  

Јосифова која учествува  за  прв   пат, се претстави со чоколадна   торта ,, чоколадна фантазија,, и пилешко роловано месо.

Манифестацијата  опстојува  четврт век, ја одржува   искреноста и пријателствата  меѓу жените, кои не зависат од никого  освен од нив.  Овде се дружат жените без оглед на  националноста, политичката ориентација – изјави Жане Стојанова организатро ан  манифестацијата.

Годинава токму од Велес започна карванот на ,,Вешта жена за 2017-та,, кој ќе опфати 22 града . Сите учеснички  на манифестацијата   добиваат  осум дневен  одмор летово на Јадран   на крајот на јуни, додека само победничките се здобиваат со право да бидат дел  од  финалето кое   е на 12-ти и 13-ми мај на Лешочки манастир

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати