Познат идентитетот на повредените во двете сообраќајки вчера во велешко

Петар Печков

МВР излезе со информации за двете сообраќајки, кои вчера претпладне и попладне се случија во велешко.  Кавадарчанка Ј.В.М.  која во утринскиот верижен судир имаше тешки повреди на главата и крварење,  и беше префрлена на Клинички во Скопје, подоцна им подлегнала на повредите.

На 16.01.2020 околу 8 часот на автопатот Велес - Скопје, после наплатна станица Отовица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ц.(29) од Велес, патничко возило „мазда“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(31) од Велес, патничко возило „шкода октавија“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.М.(37) од Кавадарци, патничко возило „мазда“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(52) од Прилеп, патничко возило „мицубиши аутлендер“, управувано од М.К.(53) од Скопје, товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од О.А.(60) од Велес и влекач, со непозната марка и регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое го напуштило местото на незгодата. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.М. и сопатниците во патничкото возило „шкода октавија“, Ј.В.М.(38) и 11- годишна малолетничка, и двете од Кавадарци, додека со телесни повреди се здобиле возачите Р.Ј. и Р.Д. Повредените биле пренесени во Општата болница Велес, додека Ј.В.М. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починала - информираше МВР. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

 МВР ги даде и информациите и за попладневната сообраќајка, кај Свилара. Според информациите на блиските на семејството, кое имаше сообраќајка,  мајката и синот, кои вчера  попладне беа пренесени во Клинички, биле во подобра состојба. Сведоците опишуваат дека од силина на ударот на автомобилот, кој излетал од патот, дрво во кое удрил било со голем пречник и  избиено од земја. 

На 16.01.2020 во 16 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, после крстосницата за Горно Оризари, патничко возило „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од И.З.(30) од село Горно Врановци, општина Чашка, излетало од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.З. и сопатничката З.З.(52) од Горно Јаболчиште, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници на возраст од 12 и 14 години, по што биле пренесени во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош - пишува во информацијата на МВР. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати