По реакциите на граѓаните, отстранети се постаментите за знаци во централното градско подрачје

Петар Печков

По реакциите на граѓаните, за постаментите кои беа поставени на две локации во  центарот на градот, пред хотелот Интернационал, и пред Комерцијална банка, дека заземаат голем дел од просторот, тротоарот и се опасност по минувачите, тие  се отстранети.

 „Реагиравме до кацнеларијата на ЕУ како финансиер на проектот, бидејќи се дел од проектот за решавање на сообраќајот во централното градско подрачје и од таму добивме потврда дека може да се заменат. Затоа ги отстранивме.  Тоа беа постаменти за  знаци за централното градско подрачје, со проект од пред три години, за уредување на централно градско подрачје. Имаме обврска наместо нив да најдеме ново решение за  вертикално означување на потребните локации, што и ќе го сториме, но не како што се планираше“ – кажа градоначалникот Марко Колев.

Локалната власт нaјави дека ќе се поставaт електронски дисплеи, со кои ќе се информираат граѓаните за доаѓањето на автобусите од градскиот и приградскиот превоз.  Електронските дисплеи ќе бидат поставени на постојките на  улица "8 Септември" наспроти паркингот кај Судот, на улица "Гоце Делчев" позади Судот, спроти Пензионерскиот дом и во близина на ОУ "Васил Главинов".

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати