Промовирани книгите „Близнаци“ и „Детето во снегот“ од Емилија Златкова Анастасова

Петар Печков

Попладнево во Ликовниот салон,   Емилија Златкова Анастасова промовираше две нови книги романот „Близнаци“  и збирката раскази „Детето во снегот“.  Емилија е дипломиран дипломиран професор по македонски а работи како лектор.                                         

Детето во снегот излезе деновиве а додека Близнаци беше објавен во месец мај, тогаш поради состојбата со пандемија не можев да го промовирам, па вечерва двете дела се заедно пред велешката читателска публика.  Близнаци е роман за забранета љубов помеѓу двајца млади и пред еден месец има второ издание, откако првото се продаде .Двајцата млади минуваат многу тешки ситуации во живото, добиваат близнаци, кои се одделение од родителите.  Новата книга  е збирка раскази, посветена на децата со аутизам. Тоа се реални проблеми со кои минуваат децата со аутизам и нивните родители - кажа авторката Златкова Атанасова, која е родена во Кочани а живее во Велес.

Тaа досега има издадени пет книги, вклучувајќи ги двете нови, денес промовирани.                                                             

Промотори на новата книга, збирката раскази „Детето во снегот“ беа Родна Јанчева и Соња Гаврилова.

Книгата  е многу суптилна, сочувстителна, полна со емоции, има многу вистини раскажани од авторот. Авторката децата со аутизам во книгата ги доживува како ангелчиња, што се и всушност. Авторката се повикува на вербата, ако се верува во нешто ќе се успее. Кога ќе ја земе читателот да ја чита книгата, не остава да ја оставиш. Многу е примамлива за читателот - рече Јанчева.

Промоторка на книгата „Близнаци“ беше Гордана Николовска.

Ова е роман за љубовта,м страдањето, надежта, книга во која има светлина зад прозорецот. Тоа е роман натопен со човечка длабочина, мајчина топлина. Ова е едно исклучително топола, емотивна трогателна,  непосредна, интимна исповед или приказна за голема  а забранета љубов. Роман откинат од најдлабоките парчиња на душата, со прецизни мисли и богата лексика   - рече Николовска. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати