ФК Превалец е нов лидер на Третата лига Југ

Петар Печков

Со победата во Прилеп, екипата на ФК Превалец стана лидер на Третат лига Југ. Превалчани победија со 1:2 (0:2) над ФК Ултрас кој беше трето пласиран, тоа беше дерби за врвот.  Фудбалерите на ФК Превалец одиграле одлично прво полувреме, во борбен и интересен натпревар. Со оваа победа тие се искачија на првото место, откако ова коло лидерот ФК Борец беше слободен. Сега и двете екипи имаат по 25 бода,а а превалчани имаат подобра гол разлика. Со распоредот до крајот на првата полуетапа, ФК Превалец има реални шанси да биде есенки првак.   ФК Тополка загуби дома со 0:1  од осмомпласираниот ФК Младост од прилепско Кривогаштани. Помладиот лигаш од Превалец е 11-ри со 8 бода. Конечно победа за ФК Башкими кој дома во Чашка го демолираше последно пласираниот ФК Дреново со 7:1. Екипата од Горно Јаболчиште со оваа победа се искачи за едно место и е 10-ти со 9 бода. 

Во следното коло, локално дерби ФК Преваелц  - ФК Башкими, ФК Борец гостува кај седмопласираниот ФК Младост  во Кривогаштани прилепско, а ФК Тополка гостува  во крушевско кај ФК Бучин, кој е 9-ти со 12 бода. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати