1-ви декември Светски ден за заштита од ХИВ, годинава во Велес два нови случаи

Петар Печков

Недела е први декември  Светскиот ден на борбата против сидата. Тој не е против заболените од ХИВ АИДС туку против предрасудите што кај повеќето жители на планетата Земја владеат за овие лица. Заболените лица  често се судруваат со  социјални проблеми, дискриминација,  осудени се од јавноста, етикетирани.

Токму затоа Светската Здравствена Организација СЗО овој ден го намени во борбата против предрасудите и со едукација за заштита, не од ризичните групи, туку од ризичното однесување на секој човек. Годинава во Велес,  има два нови случаи на заразени од СИДА и во двата случаи се машки лица. Така од 2005-та досега во градот, има 13 лица заболени од СИДА и сите се машки, информираа од Центарот за Јавно здравје Велес.  

Најголема заштита од ХИВ/СИДА е користењето на презервативи кај партнерот  при сексуалниот однос. Кај зависниците од опојна дрога потребно е добра стерилизација на  инструментите. Младите иако имаат предавања на училиште, се им е достапно преку интернет, не покажуваат доволно зрелост и сериозност за проблемите од ХИВ/СИДА - порача прим. д-р  Билјана Трајкова,епидемиолог  од ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес. 

Во рамките на оваа здравствена институција во Велес, поранешен Хигиенски, постои советувалиште каде за 20-тина минути секој граѓанин, може бесплатно да биде тестиран од ХИВ/СИДА.

Сидата се добива преку некоја од следните течности: крв, семена течност, вагинална течност и мајчино млеко. Начин на пренесување е сексуален однос, заедничко користење на било каква игла од шприц (при дрогирање, тетовирање, бушење уши),  при трансфузија на заразена крв, во текот на бременоста од заболена мајка на бебе.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати