50 слободни места за бруцоши на Технолошко - Техничкиот факултет од Велес

Петар Печков

Единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес, Технолошко - Техничкиот  факултет, од есен во новата академска година 2024/25  ќе  запише 50 бруцоши.

На двете насоки , прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има по 25 слободни места, од кои по пет се за вонредни.
Ова е согласно конкурсот за упис на  студенти во прва година, кој  го објави  Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, во чии рамки постои и работи  факултетот.  

Во двете насоки - прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има слободни по 20 места во државната квота и по пет на двете насоки за вонредни студенти, или вкупно 50 бруцоши.

Партиципацијата е 200 евра за државната квота и двојно повеќе, 400 евра за вонредните студенти.
Ова е шеста година по ред  со  ист број слободни места за упис на студенти во прва година на Технолошко - Техничкиот  факултет во Велес. Наставата трае осум семестри.

ТТФ има настава и во Битола за нутриционизам, и во Кичево за  прехранбена технологија и биотехнологија и со по 25 места за упис, од нив 20 се во државна квота и пет се вонредни.

Пријавувањето на кандидатите ќе биде во три уписни рока:  26-30   август;  13 -16   септември и на 24  септември.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати