7-ми април 1941 кога Велес беше бомбардиран од Германските фашисти

Петар Печков

Германските продирања на територијата на Македонија биле проследени со  силни воздушни напади. Уште на 6 април 1941 година, Велес 13 пати бил надлетуван од германски авиони. Страв и паника се населиле во градот чии куќи биле изградени од плитар. Којник, Бузаана, Мегдан, Сармаале, Варналиите, железницата, мостот, центарот, ги потресле силни детонации веќе на 7 април утрото, кога бројни авиони, ексадрили германски авиони поголемиот дел од стариот  Велес го срамниле со земја.

Бомбардирањето започна во 7 часот наутро. Уште поспани, не разбуди злокобниот  звук. Штуките надлетуваа а ние бегавме. Живевевме на Мегдан и спас баравеме преку Вршник. Таму се креивме.  Многу народ загина, цели семејства за жал. Бевме деца, мајките не носеа в раце, се бараше спас за жива глава, некои не  го најдоа  - вели жителка  на Велес, која со семејството заминала  во селото Ораовец.

Иако бомбите паѓале околу мостовите, ниту еден не бил разрушен. Најмногу население настрадало околу Којник и Мегдан. Имало многу жртви и рушевини. Цели семејства го завршиле својот животен  пат во тоа априлско утро. Според  Боро Морков, во тексот објавен во списанието „Велес“ „Мојот дневник 1941 година“ тој ден имал околу 40 жртви, што за жал  никаде не е заведено во историските документи, ниту пак има обележје за овие цивилни жртви на Втората Светска војна.  За рaзлика од жртвите  во Штип, Скопје... Следниот  ден 8-ми април Велес веќе бил освоен   од  германските  единици.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати