80 години МАКЕДОНИЈА осигурување - ВИГ – Дом на доверба и сигурност

Петар Печков

Од 1 март 2025 – МАКЕДОНИЈА осигурување - Виена Иншуренс Груп започна со гордост да ја одбележува својата 80-годишнина – осум децении исполнети со посветеност, сигурност и доверба. Од своето основање на 1 март 1945 година, веднаш по ослободувањето, компанијата раснеше заедно со државата, станувајќи симбол на стабилност и заштита за генерации граѓани.

Иако низ годините го менуваше своето име, МАКЕДОНИЈА осигурување - Виена Иншуренс Груп секогаш остана верна на својата мисија – да биде сигурен партнер на своите клиенти, семејства и компании во секој важен момент. За 80 години, без разлика на предизвиците и промените, нашите клиенти секогаш знаеја кога се сигурни.

По повод овој значаен јубилеј, претседателот на Управниот одбор  и генерален менаџер, г. Бошко Андов, ја истакна важноста на довербата што клиентите ја имаат во компанијата:

"Чест ми е да ја одбележиме оваа голема годишнина со сите наши клиенти, партнери и вработени – минати и сегашни. Вашата доверба ни беше и останува најголемата вредност. Со 80 години искуство, продолжуваме посветено да нудиме сигурност, стабилност и заштита за идните генерации.  Оваа година е особено значајна бидејќи, покрај 80 години јубилеј на МАКЕДОНИЈА осигурување е и 200 години јубилеј на  Wiener Stadtische Versicherungsverein.  Овие два јубилеи се одраз на долгата традиција, искуство и сигурност што компанијата и групацијата ги носат на своите клиенти – доказ дека сигурноста и довербата се темели на кои се гради долгорочен успех. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна."

Годишнината ќе биде проследена со низа активности, вклучувајќи специјални кампањи, хуманитарни акции и проекти насочени кон унапредување на заедницата. Прославата започна со средба и свечен настан кој ги обедини сегашните и поранешните вработени – луѓето кои со својата посветеност ја градеа оваа куќа на доверба.

Во текот на годината, МАКЕДОНИЈА осигурување - ВИГ ќе организира и јавни настани кои ќе ја нагласат важноста на заедништвото и сигурноста, вредности што компанијата ги негува веќе осум децении.


МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп е во самите темели на сигурноста, довербата и финансиската стабилност на дејноста осигурување во Република Северна Македонија. Првата осигурителна компанија со најголемо искуство и експертиза локално, чии почетоци се уште од 1945 година како државен завод, со преку дведецениско интернационално влијание и знаење, денес е стабилна институција во рамките на моќна австриска групација.

ПР текст

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати