Joвица Андовски е нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Петар Печков

Владата на вчерашната редовна седница го именува велешанецот Јовица Андовски за директор на Агенцијата за храна и ветерина, соопштија од Социјалистичката партија. 

До ова доаѓа откако досегашниот директор Оливер Миланов кој  на директорската позиција беше од 4 јули 2024 година си поднел оставка. Андовски  беше заменик- министер за здравство од јули 2024, се до 14 октомври, кога тој си поднесе оставка.

И двајцата се кадар на   Социјалистичката партија на Македонија. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати