Oд среда започнуваат стоматолошките систематски прегледи за идните првачиња

Петар Печков

Идните основци од среда ќе можат да одат на стоматолошки систематски преглед, по што ќе добијат и документ  неопходен за упис во прво одделение.  Ова е најавата која стигнува од  Службата за детска  и превентивна стоматологија. Децата ќе се примаат со телефонско закажување,  по протоколите за работа, на одреден временски период, за да нема групирање во чекалната. 

Децата кои од есен ќе тргна на училиште  треба да дојдат со родителите, старателите, на стоматолошки систематски преглед. Ќе се изврши систематски преглед на забите и доколку се  никнати првите трајни катници, молари, да ги залееме, ставиме заштита.  Идните прво одделенци ќе бидат прегледувани во временски интервал од половина час за секое дете, по строго утврден протокол за работа во стоматолошките ординации во услови на епидемија од ковид-19. - изјави стоматолог -др. Анита Солева,  раководител на службата за детска  и превентивна стоматологија. 

Тие издаваат  стоматолошка белешка,  која е дел од потребната документација за упис на децата во прво одделение.

Проценките се дека ќе треба да се прегледаат околу 750 деца од општина Велес, чашка и Градско. 

Стоматолошки систематски преглед и залевање на трајните молари започнува  со реализација од 27.05.2020 година (среда) и ќе трае во текот на месец јуни. Прегледите ќе можат да ги закажуваат родителите/старателите во заеднички договор со службата  на телефонски број  075/261-354.

Прегледите ќе се реализираат во амбулантата на Службата за превентивна и детска стоматологија при ЈЗУ Здравствен дом - Велес,  која се наоѓа во зградата на ЈЗУ Центар за јавно здравје  - Хигиенски,  во Нова Населба во Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати