Болницата Јасеново се реновира

Петар Печков



Министерот Османи  направи увид во изведувањето на градежните  работи во болницата од страна  на градежната фирма „Вардарградба“ од Скопје, вредни 1 милион и 700 илјади евра.

Тој информира  дека се изведуваат градежни работи за зголемување на капацитетите и условите за престој на пациенти и лекарите за работа, а во втората фаза  Владата ќе финансира и во инвентарот на болницата.

 Болницата Јасеново која е градена во далечната 1948  година како хируршка болница во време на граѓанската војна во Грција,  повеќе од 60 години ништо не е направено.

Предвидено е оваа болница  да прерасне во  Регионален центар за белодробни заболувања  и туберколоза  за пациентите   од централниот дел на државата, центар за болните од карцином, како и геријатриски центар и болница  за медицински туризам.



Директорот на болницата Драган Цинциев  информира дека сегашниот  капацитетот од  65 кревети  ќе биде зголемен на сто легла. Според него, се работи и на реновирање на  санитарните јазли и воопшто на подобрување на условите за престој i работа.

Министерот Османи најави  дека од понеделник почнува и реконструкција на велешката  ЈЗУ  Градска болница. Ќе се реконструира  вториот кат каде се наоѓа хирушкото одделение, како и  Инфективното одделение.  Во болницата  целосно ќе се обноват и сите санитарни јазли.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати