Гостивар се промовираше во прволигаш со победа над велешки Борец

Петар Печков

Со убедливата победа 4:0 над Борец од Велес, фудбалскиот второлигаш Гостивар обезбеди влез во Првата македонска фудбалска лига. Ова беше натпревар од претпоследното коло на Втората фудбалска лига одигран во Гостивар. 

Гостиварци ја остварија 22-та победа   а велешани 27 пораз,  за разлика од домаќините кои се  без ниту еден пораз во првенството. Освоените бодови на едно коло пред крај на годинешната натпреварувачка сезона му се доволни на ФК Гостивар од наесен да настапи во елитното фудбалско друштво.

Во последното коло, кое се игра в сабота, во Велес гостува новиот шампион на Втората лига, екипата на Воска спорт од Охрид. Така за разделба од второлигашка  конкуренција ќе играат првопласираниот и последно пласираниот тим на табeлaта. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати