Младите одбојкари на Борец прваци на Македонија

Петар Печков

Младинците на ОК Борец се прваци на Македонија откако изминатиот викенд го освоија првото место на завршниот турнир кој се одржа во Велес. Тие во финалето со максимални 3:0 ја совладаа екипата на штипска Младост , по сетови25:7, 25:14, 25:15. Претходно во полуфиналето велешани го победија скопски Вардар со 2:0 (25:21, 25:20).  Така пехарот во оваа конкуренција останува во Велес, бидејќи и минатата година тие беа шампиони на Македонија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати