Повторно се казнети мотористи од Велес, но никако и за предизвикана бучава со нивните мотори

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, недела,  сообраќајната полиција вршела контрола на мотоциклите кои сообраќаат по патиштата во велешко. По различни основи казнети се 25 возачи.

 „На 5-ти јуни  спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Велес за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 25 возачи. Од нив, 18 возачи не користеле заштитен шлем за време на возење, четири возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци“- соопштија од МВР.

И додека во други градови во билтени доставени до јавност, МВР информира дека се одземени мотори, поради преголемата бучава која ја произведуваат, во билтените за подрачјето на СВР Велес, таква информација нема.

Па се поставува прашањето дали СВР Велес има соодветен инструмент со кој може да се мери бучавата од моторите, кои се возат по општината.  Оти јавноста со години чека одговор зошто се дозволува такво управување со мотори а соодветна реакција нема.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати