ЈКП Дервен набави две нови возила за комунален смет

Петар Печков

ЈКП Дервен набави две нови возила, кои се наменети за собирање на комуналниот смет. Возилата се купени од средства на комуналното претпријатие.

„Со цел да се олесни собирањето на комуналниот смет од потесните градски улици, и потребата да се подобри капацитетот на возниот парк на Секторот Комунална хигиена, ЈКП Дервен набави две помали возила за собирање на смет од марката ИВЕКО Дејли“ - соопштија од ЈКП Дервен.  

Возилата се произведени во 2021 година, со капацитет од 5м3 непресуван отпад. Набавката е во вкупна вредност од 7.552.000 денари,со вклучен ДДВ.  

Поврзани »

ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ГРОБНИ МЕСТА ПРЕСЕЛЕНО ВО ЗГРАДАТА НА ЈКП ДЕРВЕН

Ги известуваме граѓаните дека Одделението за гробишта е преместено од канцелариите на Сектор Комунална хигиена (кај Вардарска епархија) во Управната зграда на ЈКП Дервен (на влезот од Градскиот парк). Контакт телефонски број за ова одделение е 043 231 011, локал 189, така што за сите прашања поврзани со гробни места обратете се горенаведениот број или во Управната зграда на ЈКП Дервен, соба бр. 19.

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали во Македонија треба да остане летно и зимско сметање на времето?

  • да
  • не
Резултати