Ќе се засадат десет пати повеќе дрвја отколку што се исекоа од пред споменикот на Рацин, најавија од локалната власт

Петар Печков

Со почетокот на изградбата на подземната гаража, на местото од паркингот пред Судот, се отстранија дрвајта кои беа околу споменикот на Рацин во центарот на градот. Советникот Игор Смилев праша, дали имаше можност, тие да се сочуваат. 

„Имаше и дрвја и зимзелни грмушки, кои се целосно пресадени на друга локација. Се што можеше да се спаси, е спасено и пресадено. За големите дрвја не постоеше машина која ќе ги дислоцира на друга позиција. Ако се исечени 5-6 дрвја, ќе засадиме 50-60. Нема да бидат во земја, туку во саксија, согласно проектот. Немаше друга опција, каде беа дрвјата  таму е градежната јама. Беа убави, бевме навикнати на нив. Не беа болни, не беа оштетени, но со планот за градба, ги немаше. Ги консултирав и ЈКП Дервен и одделението за животна средина во локалната власт, немаше потврден одговор дека можат да се спасат. Но ќе засадиме повеќе во центарот на градот, кога ќе завршри изградбата“ - -кажа Колев.  

Предвидена е и дислокација на споменикот на Кочо Солев Рацин Советниците тоа го усвоија а засега нема локација каде ќе се постави.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати