Автомобил излетал од пат кај село Дорфулија, повредени четири жени патнички, едната е пренесена во болница во Скопје

Петар Печков

Осмо мартовски случај кога  автомобил во кој сите патнички биле жени излетал до пат. Едната од нив е со тешки повреди е пренесена во Скопје а трите се со полесни, сите четири  се од селото Дорфулија.

„На 08 март  во 23.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Велес -Штип патничко моторно возило „хјундаи“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од А.И.(36 год) од село Дорфулија- Општина Лозово излетало надвор од коловозот. Во возилото се превезувале и три сопатнички кои по незгодата со друго возило се упатиле во Општата болница Велес’ - соопштија од МВР

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе, по што ќе се знаат причините за сообраќајката.  Во автомобилот биле  Ф.Д (29 год) . (М.Ѓ. 32 год) и С.У.Н (41 год).

„На 09.03.2024 во 00.52 h сообраќајка кај Дорфулија на хирургија се донесени повредени  лица,  .Направени се 16 рендген прегледи и две компјутерски томографии  С.У.Н. (41 год.),поради сложеноста на повредите, по укажаната итна медицинска помош од страна на дежурната екипа на хируршките оддели,упатена е кон Ургентен центар Скопје. Трите патничи повредени во сообраќајката, се задржани на понатамошно лекување во Болница“ - информираше Марина Андова портпарол нa Општа болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати